УКРАИНА ДЕМАНТИРА: Не е точно дека Суџа е во руски раце, се водат борби
Украина ги демантира тврдењата дека Русија го зазела градот Суџа во регионот Курск.
„Борбите во рускиот регион Курск сè уште траат, а вестите за заземањето на градот Суџа од страна на руските сили не се точни“, изјави Андриј Коваленко, раководител на Центарот за борба против дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.
Вели дека засега информациите за тоа дека градот паднал во руски раце не се точни.
Претходно, секретарот на украинскиот парламентарен комитет за национална безбедност, одбрана и разузнавање, Роман Костенко, изјави дека украинските вооружени сили не се целосно повлечени од Суџа и Курск.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потврди дека украинските сили продолжуваат со своите операции во регионот и дека военото раководство прави сè за да ги заштити животите на војниците.
Се појавија снимки на социјалните мрежи дека во Суџа се вее руското знаме.Украина е спремна за примирје, но нема да ги признае окупираните територии како руски.
