УКРАИНА ДА ДОБИЕ МОДЕРНИ БОРБЕНИ АВИОНИ: Експерт од НАТО повика Западот да не се дефокусира
Експерт порача дека Украина треба да добие модерни борбени авиони. Иднината на Западот зависи од епилогот во Украина. Постои вистинска можност Украина да ја изгуби војната ако Западот не ѝ обезбеди сѐ што и потребно, а тоа да донесе „мрачен облак врз Европа што не сме го виделе од 1939 година“, пишува хемискиот експерт и поранешен тенковски командант во НАТО, Хамиш де Бретон-Гордон за британски Телеграф. Тој додава дека настаните во Европа се тие што ќе ја обликуваат нивната судбина многу повеќе од оние во источниот Медитеран, мислејќи на војната во Газа.
„Направете чекор наназад, и јасно е дека изгледите за нуклеарна војна и силите на Путин кои постојано се движат кон запад го бараат нашето најголемо внимание. Да, терористичките групи од Блискиот Исток ни се закануваат со напади. Но, тие се ограничени и немаат способност да се вклучат во вид на тиранско потчинување што Путин би сакал да се обиде во Украина. И тие немаат способност да испратат смртоносни стратешки нуклеарни боеви глави низ небото“, продолжува експертот.
Тој потсетува дека по 20 месеци војна во Украина Западот „е расеан од работите на друго место“ и дека „залихите на западно оружје и муниција пресушуваат и очигледно се пренасочуваат кон источниот Медитеран“.
Потоа тој констатира дека „изборите во САД и во Велика Британија следната година може да се покажат фатални за континуираниот проток на вооружување“.
Ескпертот кажа и дека „Путин е изолиран од политичките последици од ова големо уништување на иднината на Русија“ и дека Русите треба само да продолжат „да истураат едвај обучени војници во рововите, кои треба само да држат и да пукаат со пиштол“.
„Кремљ е подготвен да ја фрли својата младост во машината за месо на Донбас, додека украинските војници на фронтот имаат просечна возраст над 40 години“, рече тој.
Инаку, генералот Валериј Залужни кажа дека на бојното поле има ќор сокак, а украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека нема застој. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари. Русија од почетокот на војната се заканува и на други држави, не само на Украина со која војува.
foto telegraph.co.uk
