Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина: Цивили и понатаму гинат

Украина: Цивили и понатаму гинат

Градските власти на Доњецк соопштиле дека се продолжени борбите околу аеродромот, додека премиерот на самопрогласената ДНР изјавил дека два цивили загинале во тој град.

Дописникот на Руската информативна агенција РИА Новости јавил дека утрово украинските сили пукале од артилерија по областите на Путиловскиот пазар во Доњецк. На сајтот на градските власти се наведува дека се повредени две жени.

Премиерот на самопрогласената Доњецка Народна Република Александар Зараченко, како што пренесува РИА, рекол дека од аеродромот е пукано во областа на селата во Октомврискиот рудник и дека два цивили загнале.

Според неговите зборови, проруските сили, воделе борби со украинската војска и во областа Телманова и Горловка, каде два востаници се повредени.

Во штабот на ДНР соопштиле дека синоќа се повредени седуммина востаници.

Украинската агенција Укринформ го пренесува соопштението од сајтот на градските власти на Доњецк дека се продолжува размената на оган помеѓу припадниците на единиците на ДНР и украинските сили кои го контролираат аеродромот, како и тоа дека гори една осмоспратници.

Агенцијата УНН пренесува извештаи на локланите медиуми дека во Доњецк го напаѓаат аеродромот и дека под огон освен овој стратешки објект биле и жителите на населбата околу аеродромот.

Таа украинска агенција наведува дека на западот на Доњецк, каде што се наоѓа аеродромот, повторно се слушаат експлозии и автоматски оружје.

Слично

Поврзани вести