Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина бара спас за зависноста од руски гас

Украина бара спас за зависноста од руски гас
Обновливите извори на енергија можат да достигнат удел од 15% во миксот на Украина до 2030 година, постигнувајќи седумкратен раст во однос на сегашното ниво. Такво е мислењето на украинскиот амбасадор во САД Александар Мостик, пренесува Bloomberg. Според Мостик руската агресија кон Украина ја загрозува енергетската безбедност на земјата и затоа треба да се преземат решителни мерки. За време на енергетска конференција во Вашингтон тој ги покани крупните американски инвеститори во енергетиката, ветувајќи поддршка од државата и повластени услови. Аналитичарите сметаат дека во Украина тешко може да се реализираат соларни паркови, бидејќи електричниот систем нема да може лесно да биде прилагоден за нив. Подобар потег за Украина изгледаат инвестициите во биомаса и биогас. Се постигува во период од 3 до 5 години и енергијата за греење во Украина може да биде целосно обновлива, со што на тој начин може да биде неутрализирана потребата од руски гас речиси на половина.
Слично

Поврзани вести