Украина бара од Русија да го признае новиот претседател
Украина денеска ја обвини Русија дека спроведува глобална пропаганда како би ги убедила светските сили да не ги признаваат претседателските избори на кои победи Петро Порошенко.
Француската агенција пренесува изјава на минстерот за надворешни работи Андреј Дешчиције дека „пет дена после изборите,немало официјално признание од страна на Русија“пишува АФП.
Очигледно, Руската Федерација нема легална основа да ја доведе во прашање легитимноста на изборите- напиша тој во денешното издание на англискиот весник „Киев пост“.
Француската агенција потсетува дека Вашингтон призна дека има „фундаментални несогласувања со Русија и дека претседателот Барак Обама ќе се сретне со Порошенко“.
Рускиот претседател Владимир Путин, наведува дека АФП, ветиле дека ќе ја почитуваат волјата на украинските гласачи, но дека не му честитал на Порошенко на победата.
