УКРАИНА БАРА ИЗВИНУВАЊЕ: На екранот на Фокс њуз пишувало дека Киев е во Русија
Украина бара извинување од Фокс њуз затоа што телевизијата напиша дека Киев е „руски град“.
„Ако тоа беше грешка, а не намерна политичка изјава, треба да има извинување и истрага за тоа кој ја направил грешката“, напиша на Х портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Хеорхи Тихји.
Телевизијата, со седиште во Њујорк емитувала снимка од богослужбата во главниот град на Украина, кој првично ги означила како „Киев, Украина“.
Сепак, текстот на екранот подоцна се сменил во „Киев, Русија“, и така наводно стоел околу 20 минути пред да биде коригиран.
Слично
