Украина за договор со ЕУ бара 20 милијарди евра
Украина сака гаранција за заем од 20 милијарди евра од ЕУ пред да го потпише историскиот договор за припојување кон блокот . Ова го изјави денеска премиерот на Украина Микола Азаров.
"Предлагаме да се реши ова прашање преку финансиска помош за Украина . Приближна големина на финансирањето е околу 20 милијарди евра " , рече премиерот на владина седница .
Никакви спогодби меѓу Украина и царинска унија нема да има , украинската влада не се подготвува да потпишува никакви спогодби , изјави денеска Микола Азаров .
Слично
