Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина - Во Мариупол загинаа уште 24 деца

Украина - Во Мариупол загинаа уште 24 деца

Канцеларијата на државниот обвинител на Украина соопшти дека има информации оти уште 24 деца загинале во пристанишниот град Мариупол на југоистокот на земјата, кој е со недели под опсада на руските сили.

Во соопштението на Канцеларијата се наведува дека најмалку 287 деца загинале од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, а повеќе од 492 деца се повредени, пишува „РТВ.рс“, повикувајќи се на информации од „Ројтерс“.

Во соопштението на државното обвинителство на Украина во телеграма се вели дека 24 деца загинале како резултат на „неселективно руско гранатирање“ и се додава дека тие бројки не се конечни.

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, тврди дека санитарните системи во тој уништен пристанишен град не функционираат и дека човечки тела скапуваат по улиците.

- Избувна епидемија на дизентерија и колера. Војната, која досега однесе повеќе од 20.000 жители, со избивањето на инфекцијата, ќе однесе уште илјадници животи“ - изјави Бојченко за националната телевизија, истакнувајќи дека некои бунари во градот биле контаминирани со трупови.

Тој ги повика Обединетите нации и Меѓународниот комитет на Црвениот крст да воспостават хуманитарен коридор за да им се овозможи на преостанатите жители да го напуштат градот, кој сега е под контрола на Русија.

Слично

Поврзани вести