УКРАДОА НАКИТ КОЈ ПРИПАЃАЛ НА СОПРУГАТА НА НАПОЛЕОН: Уапсени двајца мажи, едниот сакал да бега во Алжир
Уапсени се двајца крадци кои одземаа накит од музејот Лувр, а нив им помогнало внатрешното обезбедување.
Истрагата за „организирана кражба“ и „здружување за извршување кривично дело“ ја спроведуваат Париската бригада за борба против грабежи (BRB) и Централната канцеларија за борба против трговијата со културни добра (OCBC), пишува Le Parisien.
Уапсените мажи, и двајцата на возраст од триесет години, по потекло од департманот Сен-Сен Дени, се осомничени дека се дел од четиричлена банда која извршила смела провала во најпознатиот музеј во Франција. Користејќи камион со кран, крадците, облечени во жолти елеци и мотоциклистички кациги, скршиле прозорец што водел кон галеријата Аполо, ризницата каде што се изложени француските крунски скапоцености. Користејќи брусилки, тие украле кралски богатства што некогаш им припаѓале на француските монарси, вклучувајќи ја и царицата Евгенија, сопруга на Наполеон III.
Операцијата беше покрената откако истражителите дознаа дека еден од осомничените планира да избега во странство, веројатно во Алжир. Според „Ле Паризиен“, тој бил уапсен на аеродромот Шарл де Гол додека се подготвувал да се качи на авион. Вториот осомничен бил уапсен во регионот на Париз. Двајцата мажи веќе ѝ се познати на полицијата по кражби.
Детективите што го истражуваат грабежот открија докази што сугерираат дека станува збор за „внатрешна работа“. Извори блиски до истрагата велат дека дигиталните форензички докази покажуваат дека еден од обезбедувачите бил во контакт со осомничените пред грабежот, а се верува дека бандата однапред добила чувствителни информации за безбедносниот систем на музејот, пишува The Telegraph.
foto Wikipedia/Tangopaso
Слично
