Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украдена медицинската документација на Шумахер, од медиумите се бара да не ја откупуваат!

Украдена медицинската документација на Шумахер, од медиумите се бара да не ја откупуваат!
Медицинската документација, со детален опис на сите извршени интервенции врз поранешниот шампион во Формула 1 Михаел Шумахер е украдена, објавија германските медиуми. Непознатиот крадец дури се обидел да контактира анонимно со различни германски, британски и француски медиуми и да им побара 60.000 швајцарски франци, или околу 50.000 евра за документите кои ги содржат сите детали од операциите извршени врз Шумахер по катастрофалната скијачка несреќа што тој ја доживеа во декември минатата година и од која дури неодамна се разбуди од кома. Портпаролката на семејството Шумахер, Сабине Кем најави дека нејзините клиенти се ужаснати од веста. Таа ги повика медиумите да не ги откупуваат документите и да не ги објавуваат, најавувајќи дека семејството на Шумахер ќе се бори со сите средства за овие информации да не излезат во јавност. Веќе е покрената и полициска истрага за да се најде крадецот на личните информации. Ова не е прв скандал во врска со медицинскиот третман на Шумахер. Кратко време по несреќата, новинари и фотографи се обидоа да влезат во неговата болничка соба, еден од нив дури и облечен како свештеник.
Слично

Поврзани вести