Економија, финансии, бизнис

Контакт

Историска одлука- Укината политиката за едно дете: Кинезите може да раѓаат по две деца!

Историска одлука- Укината политиката за едно дете: Кинезите може да раѓаат по две деца!

Кина официјално објави дека ја укинува политиката за едно дете на семејството. Сите парови ќе имаат право на две деца, соопштија светските агенции. Пред две години Пекинг им овозможи на кинески семејства да имаат по две деца, потсетуваат агенциите. Условот беше барем еден од родителите да бил единствено дете.

Целта на новата политика е да се прекине дисбалансот помеѓу бројот на мажите и жените во Кина и да се запре стареењето на населението.

Кампањите за намалување на бројот на населението се водат во Кина уште од 50-тите години. Во 70-те години беше прогласена политиката за „едно семејство-едно дете“, потсетуваат агенциите. Без оваа политика сега Кина требаше да има население од околу 300 000 жители повеќе, забележуваат агенциите. Тоа сепак доведе до стареење на населението и ниска стапка на наталитет и индиректно го задржуваше темпото на економскиот раст.

Кинеските жени раѓаат во просек нешто помалку од 1,6 деца, а за стабилно население е потребно ниво од 2,1, посочуваат агенциите.

Слично

Поврзани вести