Економија, финансии, бизнис

Контакт

Укината автономијата на Каталонија

Укината автономијата на Каталонија

Шпанскиот Сенат попладнево ја укина автономијата на Каталонија и одобри воведување директна управа во тој регион.

Ниту владата во Барселона нема веќе извршна надлежност во Каталонија. 

Со 214 гласа „за“ и 47 против, Сенатот за Шпанија се повика на членот 155 од Уставот на Шпанија, и му даде вонредни овластувања на премиерот Маријано Рахој да постапува во однос на сепаратистичките постапки на регионалната власт на Каталонија.

„Владеењето на правото ќе ја врати легалноста во Каталонија“- напиша Рахој на Твитер.

Каталонија денеска прогласи независност од Шпанија. 

Каталонците во еуфорија поради отцепувањето од Шпанија се собраа на улиците на Барселона. 

На 1 октомври тие на референдум гласаа за независност. 

Слично

Поврзани вести