Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ујкраина покрена тужба во отсуство против рускиот патријарх Кирил

Ујкраина покрена тужба во отсуство против рускиот патријарх Кирил

Украина денеска во отсуство поднесе обвинение против рускиот патријарх Кирил, соопшти Канцеларијата на главниот обвинител на Украина.

Украинското обвинителство соопшти дека рускиот патријарх е „обвинет за посегнување на територијалниот интегритет и неповредливоста на Украина“.

Според податоците од истрагата спроведена од Службата за безбедност на Украина, тој е „дел од најтесниот круг на руското највисоко воено-политичко раководство и е еден од првите што јавно ја поддржа сеопфатната војна против Украина“, пренесува агенцијата Униан.

Претходно, украинското обвинителство во неколку наврати покренуваше обвиненија против руски функционери во отсуство, но тоа немаше никакви последици, наведува агенцијата РИА Новости.


Слично

Поврзани вести