Економија, финансии, бизнис

Контакт

УДАР ЗА ОБАМА: Пораз во Конгресот – доказ дека расположението на јавноста се менува

УДАР ЗА ОБАМА: Пораз во Конгресот – доказ дека расположението на јавноста се менува
Републиканците во САД вчера однесоа победа на меѓуизборите за двата дома на американскиот Конгрес - освоија мнозинство и во Сенатот и во Претставничкиот дом. Демократите, односно партијата на американскиот претседател Барак Обама, ги загубија сенаторските места во Арканзас, Колорадо, Ајова, Монтана, Северна Каролина, Јужна Дакота и Западна Вирџинија, кои ги држеа до сега. Со ова, републиканците добија најмалку 52 гласа во 100-члениот Сенат. Овие резултати значат дека од јануари новиот состав на американскиот Конгрес ќе биде под целосна контрола на Републиканците, кои ќе ги предводат сите одбори во двата дома и ќе ја одредуваат законодавната агенда. Ова ќе биде сериозна потешкотија за американскиот претседател Барак Обама во последните две години од неговиот претседателски мандат. На меѓуизборите, кои се одржуваат на половината од претседателскиот мандат, Американците избираат 435 членови на Претставничкиот дом и 36 од вкупно 100 члена на Сенатот. Изборите се сметаат за тест за довербата што ја ужива американскиот претседател на средината од својот мандат. Многу аналитичари уште пред гласањето предвидуваа победа на републиканците, со оглед на тоа што популарноста на Обама според последните анкети бележи драстичен пад и се наоѓа под 40%. По изборите, се огласи и претседателот на Одборот за надворешна политика во Руската дума Алексеј Пушков, според кого поразот на демократите на изборите во САД е личен пораз на претседателот Обама. „Кандидатите на демократите се плашеа да го спомнат неговото име во кампањата, толку е непопуларен“, напишал Пушков на Твитер.
Слично

Поврзани вести