Економија, финансии, бизнис

Контакт

УДАР ПО УДАР: Овој пакт ќе го „сруши“ Трамп

УДАР ПО УДАР: Овој пакт ќе го „сруши“ Трамп

Јапонскиот премиер Шинзо Абе ги повика членките на иницијативата на Сеопфатното регионално економско партнерство (РЦЕП) на итно заклучување на трговскиот пакт .

Овој пакт би ја гарантирал слободната и чесна трговија во време на се поголем протексиционизам на претседателот на САД Доналд Трамп.

Иницијативата РЦЕП ја сочинуваат 10 членки на Асоцијацијата на држави од југоисточна Азија (АСЕАН), како и Јапонија, Јужна Кореја, Кина, Индија, Австралија и Нов Зеланд.

На состанокот на министрите на РЕЦП во Токио, Абе рекол дека пактот на тие 16 земји кои заедно сочинуваат половина од светската популација имал огромен потенцијал на раст, пренесе АП.

„Додека се соочуваме со загриженост по повод растот на протекционизмот во светот, сите ние во Азија мораме да се обединиме и нашата иднина зависи од тоа дали можеме да продолжиме со истакнување на нашиот најважен принцип на слобода и фер трговија“, рекол Абе.

Јапонија тежнее да биде лидер во обликување на нов пакт како алтернатива на Транспацифичкото партнерство , трговски договор во 11 земји од Чиле до Нов Зеланд од кој Трамп го изведе САД.

Toкио се надева дека пактот на членките на РЦЕП би можел да биде заклучен до крајот на годината, но е внимателен по прашање на влијанието на Кина, која не е дел од ТПП, но има клучна улога во РЦЕП.

Трамп оваа година воведе високи такси на увозот на челик и алуминиум во САД и се закани дека на тоа ќе ги додаде и автомобилите како би го намалил трговскиот дефицит.

Погодена од зголемените американски такси на увозот на челик и алуминиум , Јапонија во Светската тровска организација рекол дека можеби ќе им возврати на САД со воведување на такса на увозот на америкаска стока во вредност од околу 50 милијарди јени (450 милиони долари). 

Слично

Поврзани вести