УДАР НА МОЌНИТЕ: Обама планира да го зголеми данокот на богатите!
Американскиот претседател Барак Обама сака да ги зголеми даночните стапки на најбогатите Американци и големи финансиски компании за да ја зајакне средната класа.
Тие предлози ќе бидат изнесени на конференцијата за новинари во Белата куќа, веројатни нема да бидат одобрени во Конгресот кој го контролираат републикаци, пренесува Гласот на Америка.
Со предлогот, меѓутоа се нагласуваат разликите помеѓу Демократската и Републиканската партија додека се вжештува кампањата за претседателските избори следната година.
Обама ќе ги изнесе своите предлози во вторникот во текот на годишниот говор за состојбата на унијата на Капитол Хил.
Американскиот претседател укажува како сака да обезбеди богатите да го платат својот фер дел од данокот со затварање на дупката во даночниот закон, кој овозможува стотини милијарди долари да не одат во даночните фондови, наведува Глас на Америка.
