Училиште го враќа ќотекот како мерка
Училиште во САД го враќа ќотекот како мерка.
Училишниот округ Касвил, Мисури, одлучи повторно да го воведе физичкото казнување на учениците. Физичката казна – удирањето ќе се применува како последна мерка, пред суспензијата.
„Тоа ќе се врши на начин каде нема можност за физичка повреда. Удирањето на ученик по глава или лице не е дозволено, туку само по задникот“, стои во правилникот.
Училишниот одбор ја одобри мерката во јуни и ги извести родителите дека ја враќа дисциплинска мерка што областа престана да ја практикува во 2001 година. Инаку, минатогодишно истражување откри дека родителите и старателите побарале дополнителна дисциплинска мерка.
Родителите кои сакаат нивните деца да бидат удирани, можат да потпишат формулар во којшто се согласуваат со тоа. Телесното казнување во училишната област ќе се спроведува само од директорот и во присуство на сведоци.
Врховниот суд на САД пресуди дека физичкото казнување во училиштата е уставно и остави на надлежните да одлучат дали ќе го спроведуваат тоа. 19 сојузни држави, претежно на југот од САД, сè уште дозволуваат физичко казнување.
