Економија, финансии, бизнис

Контакт

Учесник во убиството на Борис Немцов од затвор оди на фронт во Украина

Учесник во убиството на Борис Немцов од затвор оди на фронт во Украина

Десетици илјади руски затвореници се пријавија доброволно да се приклучат на руската армија која се бори во Украина, искористувајќи ја понудата за амнестија за оние кои ќе го преживеат времето на фронтот.

Човекот осуден за убиство на рускиот опозициски политичар Борис Немцов, инаку убиен на прошетка во Кремљ во 2015, е ослободен од затвор откако потпишал договор за приклучување во воена операција во Украина, јавија државните новински агенции ТАСС и РИА Новости.

Немцов, критичар на претседателот Владимир Путин и поранешен вицепремиер на претседателот Борис Елцин, беше убиен во 2015 година додека се движеше по мост во близина на Кремљ во срцето на руската престолнина.

Во 2017 година, рускиот суд осуди пет мажи на затворски казни од 11 до 20 години за неговото убиство. Меѓу нив беше и Тамерлан Ескерханов, кој како соучесник е осуден на 14 години затвор.

- Ескерханов потпиша договор со Министерството за одбрана во март 2024 година, беше помилуван, а потоа ослободен од казнената колонија. Тој отиде во една од јуришните единици и сега извршува борбени задачи во зоната за специјални воени операции - соопшти ТАСС, повикувајќи се на извор од органите на редот.

Тој додаде дека останатите осуденици за убиството на Немцов се уште се во затвор, бидејќи одбиле да склучат договори со војската.

Десетици илјади руски затвореници се пријавија доброволно да се приклучат на руската армија која се бори во Украина, искористувајќи ја понудата за амнестија за оние кои ќе го преживеат времето на фронтот.

Регрутирањето затвореници првично беше иницирано од платеничката група Вагнер, чиј водач, Евгениј Пригожин, загина во авионска несреќа во август 2023 година по неуспешниот бунт против руското воено раководство.

Руското Министерство за одбрана оттогаш ја усвои таа тактика, формирајќи ги своите единици Storm-Z делумно од затвореници волонтери регрутирани директно од затворите.


Слично

Поврзани вести