УЧЕНИК РАНЕТ ВО ПУКАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ! Хорор во Германија, четири полициски хеликоптери на терен
Во училиште во германскиот град Офенберг денеска помлад ученик со огнено оружје пукал во друг ученик.
„Берлинер морген пост“ пишува дека спасувачките служби му пружиле медицинска помош на ранетиот студент.
Се наведува дека четири полициски хеликоптери го надлетуваат училиштето.
Како што објаваи германски „Билд“, еден ученик од училиштето со огнено оружје ранил соученик.
Полицијата околу 13 часот соопшти дека осомничениот е уапсен во рамките на големата акција во училиштето во Офенберг, а станува збор за малолетно лице.
Според Билд, во акцијата учествувале четири полициски хеликоптери и десетици полицајци на терен. Околу 180 ученици од училиштето се евакуирани од зградата и предадени на нивните родители.
#Offenburg - Am Donnerstagmittag, gegen 12 Uhr, kam es zu einem Großeinsatz in einer Schule in der Nordstadt von Offenburg.
— Polizei Offenburg (@PolizeiOG) November 9, 2023
https://t.co/86EjBvAOOr pic.twitter.com/PhVAMGbrNZ
Полицијата во моментов ги пребарува просториите за евентуални дополнителни сторители или сомнителни предмети.
Како што пишува Билд, нападот се случил во специјално училиште, за деца со потешкотии во учењето.
И вчера имаше сличен инцидент во Германија, но во Хамбург, каде двајца ученици дошле вооружени во училиштето и и се заканувале на наставничката со пиштол.
Фото: Принтскрин/Твитер
