Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ученици во Чешка на часови седат со ќебиња

Ученици во Чешка на часови седат со ќебиња

Во училиштата во Чешка, наместо греење, на учениците им дале ќебиња. 

Tемпературите паднаа под 10 степени, а Чесите воведоа ќебиња во училиштата како мерка за заштеда на енергија. Видеото од чешки ученици завиткани во ќебиња стана вирално на интернет, oбјави „Новости.рс“. Европската Унија(ЕУ) поради руската инвазијата на Украина воведе санкции против Русија, а цената на гасот на пазарот вртоглаво порасна од почетокот на војната. ЕУ повика да се намали употребата на гас, особено во шпиц-часови.  Високи функционери на Европската комисија, европскиот економски комесар Паоло Џентилони и комесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон повикаа денеска на заедничко задолжување од 27-члената Европска унија за финансирање на одговор на кризата со цените на енергијата која се заканува да ја однесе Унијата во рецесија.

Слично

Поврзани вести