Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЧЕНИЦИ СКОКАЛЕ ОД ТРЕТИ КАТ ДА СЕ СПАСАТ: Детално за масакрот во руското училиште во кој тинејџер уби 11 луѓе и рани 32

УЧЕНИЦИ СКОКАЛЕ ОД ТРЕТИ КАТ ДА СЕ СПАСАТ: Детално за масакрот во руското училиште во кој тинејџер уби 11 луѓе и рани 32

Според последните податоци во средното училиште во рускиот град Казањ има 11 жртви  и 32 повредени кои веднаш биле пренесени во болница.

Според наводите на ТАСС, дури девет од убиените се деца. Информираат и дека во училиштето утрово две неименувани лица отвориле оган кон по што одекнала и експлозија.

Русккото Министерство за образование соопшти дека еден од напаѓачитесо автоматско оружје влегол низ главниот влез на зградата и веднаш почнал да пука. Во паника и во обид да се спасат некои од децата скокнале дури од третиот кат. 

Полицијата привела 17-годишен тинејџер, кој е еден од напаѓачите, а вториот, кој според сведоци на масакрот, држел и заложници, бил ликвидиран од страна на безбедносните сили.

Полицијата информира дека сите деца се евакуирани.

Screenshot © Ruptly

Слично

Поврзани вести