Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЦЕНА И ИЗОЛАЦИЈА: Арапските земји испорачаа услови за Катар

УЦЕНА И ИЗОЛАЦИЈА: Арапските земји испорачаа услови за Катар

„Вол стрит џурнал“ објави дел од условите кои ги поставуваат арапските земји за Катар. 

Се наведува дека Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет и нивните сојузници бараат гаранции дека властите во Катар ќе го прекинат финансирањето на екстремистичките групи на Блискиот Исток и ќе ја прекинат својата врска со политичкото раководство на исламистичкото движење „Муслиманско братство“. 

Од Катар се бара и официјално да ја намали активноста на медиумската мрежа Ал Џезира. Официјалниот список со условите за Катар може да се очекува во наредните неколку дена, пренесува руската новинска агенција „Тас“.

Американскиот претседател, Доналд Трамп синоќа разговарал телефонски со катарскиот владетел, емирот Тамим бин Хамад ал Тани. Тој покажа подготвеност за пронаоѓање решение на дипломатската криза во регионот на Персискиот залив, вклучувајќи и состанок на Катар и арапските земји кои го изолирале. Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Либија, Малдиви и уште неколку блискоисточни и африкански држави оваа недела ги прекинаа дипломатските врски со Катар поради наводно финансирање тероризам и негување на добри односи со Иран. Катар ги отфрли сите овие обвинувања. 

Слично

Поврзани вести