Економија, финансии, бизнис

Контакт

UBS ги намали прогнозите за златото и среброто

UBS ги намали прогнозите за златото и среброто
Проблемите за златото продолжуваат. Швајцарската UBS e уште една институција , која ги намали прогнозите за цената на металот за следната година . Од банката очекуваат златото да чини во просек 1 200 долари за унца следната година , за разлика од претходните нејзини очекувања за 1 325 долари за унца . Од банката соопштуваат дека " борбата за златото не почива само на доминантниот интерес меѓу инвеститорите за продажба" , и не веруваат дека металот ќе ги поврати " претходните највисоки вредности " . Ако опаѓачкиот импулс за златото продолжи , постои веројатност металот да ги тестира клучните нивоа на поддршка при 1.050 долари за унца . Од швајцарската банка го дефинираат последното ниво како " добро за набавки " , но сметаат дека патот до таму може да е многу бурен. Од UBS исто така ги намалија прогнозите и за среброто до 20.50 долари за унца за следната година , наспроти 25 долари за унца претходно. Намалена беше и прогнозата за среброто за 2015 - та година до 21 долари од 24 долари пред тоа .
Слично

Поврзани вести