УБИВАШЕ И ДЕЦА И ТРУДНИЦИ, УБИСТВАТА НА ДЕНАРО БЕЗМИЛОСНИ: Коза Ностра е „обезглавена“, но мафијата не е победена
По речиси 30
години бегство, Матео Месина Денаро, човекот означен како шеф на
најозлогласената мафија во светот - Коза НострА, беше уапсен во Палермо. Тој
беше обвинет за некои од најмонструозните злосторства, поради што го доби
прекарот „Diabolic“, односно „Ѓаволски“. Не го почитуваше кодот, не ги избираше
своите жртви, убиваше и деца и трудници, поради што ќе остане запаметен во
историјата по некои од најсуровите убиства. Диаболик“ немал никакво симпатии
кон никого, ниту пак имал проблем да биде одговорен за нападите кои резултираа
со смрт на десетици цивили.
Еден од последните големи мафијашки босови е уапсен во приватна клиника во Палермо. Веста за неговото апсење ги израдува и оние кои „имаат одредени симпатии“ кон криминалните активности.
„Диаболик“ израснал под покровителство на строгите, но сурови правила на Коза Ностра. Првиот пиштол го земал пред да ја извади личната карта, а чкрапалото го повлекол кога имал само 14 години.
Три години подоцна, пукаше по улиците секој ден, учествувајќи во крвавата војна за превласт во италијанското подземје, која однесе најмалку 32 животи, кога за прв пат ги извалка рацете. Не е познато колку членови на ривалските банди убил. Според тврдењата на оние од неговото поблиско опкружување, човекот за прв пат убил на само 18 години.
Бремена жена на крвавата листа
Колку тој станал бездушен покажува и податокот дека една од неговите жртви била трудница, која ја задавил со голи раце. Како што пишуваат италијанските медиуми, за да стекне репутација на ладнокрвен убиец, Денаро задавил бремена жена, девојка на неговиот тогашен ривал шеф Винченцо Милако од Алкамо.
Бомбашки напади и најбруталното убиство
Денаро беше еден од иницијаторите за бомбашки напади на знаменитости во големите италијански градови Рим, Фиренца и Милано. Тогаш загинаа најмалку 10 луѓе.
Најсуровото убиството го извршил врз момчето Џузепе ди Матео (12), кое се случило во 1993 година. Денаро поради одмазда кон таткото (кој наводно имал докази против него) го киднапирал момчето додека се враќал од јавање. Потоа го мачел, го држел две години во заробеништво и на крајот го задавил и му го фрлил телото во киселина.
Момчето било мачено 800 дена, помеѓу 1993 и 1996 година. Целта на киднаперите била да ја искористат таа уцена за да го фатат Сантино ди Матео, таткото на момчето.
Убиства на судии
Коза Ностра под палката на Денаро уби и судии. Загинаа двајца кои се бореа против мафијата.
Едно од мафијашките убиства за кое е одговорна Коза Ностра, а кое привлече најголемо внимание на светската јавност, секако е убиството на судијата Џовани Фалконе, како и на неговиот пријател Паоло Борселин. На 23 мај 1992 година, членовите на Коза Ностра сокриле 500 килограми експлозив во канал за отпадна вода што бил ископан паралелно со еден од патиштата во областа Капача.
Кога експлозивот бил активиран, два автомобили биле кренати во воздух. Во еден од нив седеше судијата Џовани Фалконе, најистакнатиот противник на Денаро и на мафијата воопшто.
Денаро ќе остане во затвор до крајот на неговиот живот, но челната позиција на Коза Ностра најверојатно ќе ја заземе Сетимо Минео, иако има 84 години. Членовите на организацијата к=го нарекуваат Capo dei capi, или Шеф на шефовите.
ФОТО: EPA