„УБИСТВОТО НА ДАРЈА ДУГИНА Е НАРАЧАНО – ЧИСТА ЛИКВИДАЦИЈА“: Ако се открие украинска трага, ќе се третира како државен тероризам
Податоците
добиени во истрагата покажуваат дека делото во кое загина Дарја Дугина било
претходно планирано и нарачано, соопшти Истражниот комитет на Русија.
Утврдено е дека експлозивната направа била поставена под возачкото седиште, а Дарја Дугина, која била зад воланот, починала на лице место, се вели во соопштението што го пренесува Спутник.
Инспекторите, во соработка со експерти од Главната управа за судска медицина на Рускиот истражен комитет, продолжија со увид на местото на злосторството.
Коментирајќи ја оваа ликвидација, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација Марија Захарова рече дека се чекаат резултатите од истрагата.
„Доколку е потврдена украинската трага, а оваа верзија ја претстави лидерот на ДНР Денис Пушилин и мора да биде проверена од надлежните стручни служби, тогаш тоа е политика на државен тероризам спроведена од режимот во Киев“, напиша Захарова на нејзиниот канал Телеграм.
Таа посочи дека во последните години се акумулирани многу факти кои зборуваат во прилог на ова тврдење - од политички повици до насилство, до учество на украинските државни структури во злосторства.
Дарја Дугина, политиколог и новинарка, ќерка на познатиот руски филозоф Александар Дугин, беше убиена синоќа во близина на селото Болшије Вјаземи во Московската област кога била активирана експлозивна направа поставена во нејзиното возило.
ФОТО: EPA/RUSSIAN INVESTIGATIVE COMMITTEE