Економија, финансии, бизнис

Контакт

УБИСТВО ОД НЕВНИМАНИЕ: Стотици починати во старските домови во Италија

УБИСТВО ОД НЕВНИМАНИЕ: Стотици починати во старските домови во Италија

Италијанското обвинителство сака да утврди дали негрижата е фактор за ширење на епидемијата на коронавирусот во домовите за стари лица во Милано и во цела Ломбардија, бидејќи во овие установи починати се стотици луѓе. Миланското обвинителство ќе истражува како е решавана пандемијата во 13 домови во италијанската финансиска престолнина.

Истрагата за сега не е насочена ни против едно лице поединечно, но се води и во други градови, односно во Бергамо.

Се истражуваат можни криминални дејствија, вклучувајќи и убиство од невнимание. Италија до сега брои најмногу жртви од пандемијата на коронавирусот, 18.279.


Слично

Поврзани вести