Економија, финансии, бизнис

Контакт

УБИЛ ЖЕНА, ЈА ЗАПАЛИЛ И ОТИШОЛ НА ЕКСКУРЗИЈА: Грчката полиција уапси полски тинејџер

УБИЛ ЖЕНА, ЈА ЗАПАЛИЛ И ОТИШОЛ НА ЕКСКУРЗИЈА: Грчката полиција уапси полски тинејџер

Тинејџер од Полска убил жена и заминал на екскурзија во Грција, каде полицијата го уапси. 

Тој има 17 години и е уапсен во грчкиот град Катерини поради убиство на жена во Полска минатата недела, соопштија властите. Со туристичка група бил во Грција. Тој е обвинет дека намамил жена во столарска работилница во град во североисточна Полска на 23 април и наводно ја удирал со секира или чекан.

Полските власти тврдат дека потоа тој истурил непозната хемиска супстанца врз нејзиното тело, го запалил и ги фрлил остатоците во пластична корпа за отпадоци.

Полските обвинители распишаа  меѓународна потерница, а грчката полиција го најде и уапси. Тој треба да се појави пред Апелациониот обвинител во Солун за да почне постапка за екстрадиција согласно полското барање, објави Катимерини. 

Слично

Поврзани вести