Убиецот од Орландо два пати бил на аџилак во Саудиска Арабија
Човекот кој го изврши нападот во ноќниот клуб во градот Орландо во САД, два пати бил на аџилак во светите муслимански места во Саудиска Арабија.
Омар Матин е човекот кој вчера уби најмалку 50 луѓе во Орландо, Флорида. Матин е одговорен за најголемото масовно убиство во американската историја, а непосредно пред нападот и телефонирал на полицијата при што и изразил лојалност на „Исламска држава“.
Носел повеќе оружја и кога влегол во клубот почнал да пука, по што околу три часа држел неколкумина заложници. Американскиот претседател Барак Обама го осуди нападот, оценувајќи го за „акт на терор и на омраза“.
Матин е со авганистанско потекло и е на возраст од 29 години.
Слично
