Економија, финансии, бизнис

Контакт

Убиецот на новинарите во Вирџинија – разочаран поранешен вработен

Убиецот на новинарите во Вирџинија – разочаран поранешен вработен

Гувернерот на американската сојузна држава Вирџинија Тери Маколиф изјави дека осомничениот убиец на двајцата новинари од локална телевизија, застрелани за време на директен пренос, е идентификуван, пренесува Ројтерс, цитиран од агенциите.

Тој, како што изгледа, е разочаран поранешен вработен на медиумот. По осомничениот се трага. Тој избегал од местото со автомобил кој сега полицијата го бара, тврдат локалните медиуми.

Новинарот Алисон Паркер и фотографот Адам Вард, кои имале 24 и 27 години, и работат за вирџиниската локална телевизија WDBJ-TV, разгранок на „Си-Би-Ес“, беа застрелани утринава по локално време во градот Монет додека имале во живо интервју во еден локален трговски центар.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/08/26/ubieni-dvajtsa-amerikanski-novinari-dodeka-izvestuvale-vo-zhivo/" target="blank" ]Убиени двајца американски новинари додека известувале во живо[/button]

Убиството беше прикажано буквално во живо на телевизија, за која работеа новинарите. Додека новинарот зема интервју од посетителка на трговскиот центар, одекнаа најмалку 8 истрели и камерата на нејзиниот колега падна на земјата. Таа продолжи да работи и ги сними нозете на напаѓачот, како и последните извици на ужасната новинарка.

Контроверзни се податоците за состојбата на жената која била интервјуирана. Според некои медиуми таа останала неповредена, а според други била повредена.

Малку по убиството еден од водителите во телевизијата, Крис Херст, напиша на Твитер дека убиената Алисон и тој планирале да се венчаат во скоро време.Фоторепортерот пак бил свршен за продуцентката Мелиса Од.

Тоа било последното учество на Алисон во утринската програма на телевизија, наведува Франс прес, цитирајќи го директорот на медиумот Џефри Маркс. Новинарката дури планирала да го прослави и донела во студиото балони за забавата по повод последното учество во раниот пренос.

Убиецот се обидел да се самоубие, но не успеал, пренесоа светските медиуми.

Слично

Поврзани вести