Убиецот на двајцата новинари во САД оставил проштално писмо
Убиецот на двајцата телевизиски новинари Вестер Ли Фланаган оставил проштално писмо. Во него тој вели дека пукал поради „расна дискриминација“. Ова го соопшти „ABC“ повикувајќи се на писмото што е добиено по факс.
Во писмото Фланаган раскажува дека со нападот се одмаздил за пукањето во Чарлстон на 17 јуни, во кое 21-годишен бел Американец застрелал 9 Афроамериканци. Фланаган исто така, тврди дека тој самиот бил предмет на расна дискриминација, сексуални напади и слично во работата.
41-годишниот Фланаган кој кратко работел за телевизискиот канал, пукаше во своите колеги за време на утринскиот блок. Трагедијата се случи во градот Мони, сојузната држава Вирџинија.
Новинарот Алисон Паркер и операторот Адам Вард починаа на лице место. Потоа тој се застрела и почина во болница.
Во меѓувреме на место на настанот на двајцата новинари се одржа церемонија во нивна чест.


