Економија, финансии, бизнис

Контакт

Убиениот Канаѓанец бил член на „Исламска држава“

Убиениот Канаѓанец бил член на „Исламска држава“

Групата „Исламска држава“ потврди дека Канаѓанецот, Арон Драјвер кој канадската полиција вчера го уби при обид за терористички напад бил нејзин член.

Американската разузнавачка група СИТЕ, која ги следи интернет активности на екстремистичките групи соопшти дека нападот требало да биде одговор на повиците да се извршат напади во земјите кои се дел од меѓународната коалиција за борба против ИД.

Според податоците на канадската полиција, Драјвер планирал со рачно изработена бомба да нападне фреквентно место во поголем град во Канада.

Бидејќи бил отфрлен од неговиот татко откако на 14-годишна возраст го фатил како пуши марихуана, Драјвер сакал да ја надмине кризата со семејството преку поврзување со радикализирани момчиња и поддржувајќи ги џихадистичите идеи.

Слично

Поврзани вести