Економија, финансии, бизнис

Контакт

Убиениот бугарин во Париз застрелан со 25 куршуми

Убиениот бугарин во Париз застрелан со 25 куршуми

Со барем 25 куршуми бил застрелан Бугаринот со двојно државјанство Себастијан Проази, кој загина во ѕверските напади во Париз.

Себастијан бил во ресторанот „Малата Камбоџа“ со пријателите, кога започнало крвопролевањето. На тоа место беа убиени 15 лица, повредени исто толку, а во локалот се пронајдени 800 чаури.

„Направени се сито и решето - во просек по 25 куршуми на човек“, објаснува пријателот на Себастијан. Тој раскажал дека 37-годишниот Проази сам побарал да земе бугарско државјанство. Тоа се случило пред 9 години.

„Тој ја знаеше бугарската историја исклучително точно и добро. Малку се Бугарите, кои ја знаат во такви детали сопствената историја“, објаснил неговиот близок другар.

Себастијан знаел и бугарски, но не многу добро. Мајка му е Бугарка. Работел неколку пати во Белгија, а пред две години работел за Еврокомисијата.

Слично

Поврзани вести