Економија, финансии, бизнис

Контакт

Убиени словачки истражувачки новинар и неговата девојка

Убиени словачки истражувачки новинар и неговата девојка

Страшна трагедија ја потресе Словачка. Истражувачки новинар и неговата девојка се пронајдени мртви во нивниот дом. Се работи за Јан Куцијак (27) и неговата девојка Мартина Кушнирова.

Високиот полициски функционер Тибор Гашпар рече дека убиствата веројатно се поврзани со новинарското истражување на Куцијак, пренесе словачки Спектатор.

Според Гашпар тие се убиени меѓу четвртокот и саботата во Велики Мац откако полицијата отишла во нивната куќа по претходна пријава на членовите на семејството. Новинарот бил застрелан во градите, а девојката во главата.

Убиството се поврзува со Куцијаковиот напис на 9 февруари за сомнителни даночни измами поврзани со луксузен станбен комплекс во Братислава, на што следеле демнострации за оставка од министерот за полиција Роберт Калинак, кој најверојанто бил поврзан со инвеститорот, напиша Гардијан. Двајцата осомничени негирале каква било незаконитост.

Организацијата Репортери без граници РСФ) го осуди убиството и ги повика властите „одговорните да бидат казнети“.

Тој е вториот новинар убиен во земја на ЕУ во изминатите пет месеци, напиша РСФ во соопштението.




Слично

Поврзани вести