УБИЕНИ СЕ НАЈМАЛКУ 40 ЛУЃЕ: Напнато е во спорната погранична област меѓу Киргистан и Таџикистан
Напнато е во спорната погранична област меѓу Киргистан и Таџикистан, откако беа убиени повеќе од 40 луѓе, меѓу кои и цивили, а десетици други се ранети. Ова се најголемите судири во последните 30 години.
Граничната служба на Киргистан денеска објави дека регистрирала движење на таџикистанска воена опрема во правец на границата и дека таџикистанските сили блокираат пат кој поврзува две киргистански области во регионот Баткен.
Повеќе од 10 згради изгореа во Киргистан, по воени судири на границата меѓу Киргистан и Таџикистан. Регионот повремено станува зона на конфликти, а главна причина се спорни делови на границата.Деновиве на границата имае судири поради вода. Mештаните фрлале камења едни на други во спор околу резервоар за вода.
Слично
