Убиени се 9.000 руски војници, тврдат Украинците
Украинските власти тврдат дека досега се убиени 9.000 руски војници.
Велат дека руските сили останале без 217 тенкови, 900 оклопни транспортери, 90 парчиња топовска артилерија, 42 MLRS, 11 парчиња противвоздушно оружје, 30 летала, 31 хеликоптер, 374 борбени возила, два брода, 60 цистерни и 3 беспилотни летала.
Руските власти вчера објавија дека во Украина загинале околу 500 војници. Вчера Украина објави дека убиле 7.000 руски војници. Во војната загинаа над 2.000 цивили, а над 800.000 луѓе ја напуштиле Украина.
На украинската војска ќе се приклучат 16.000 доброволци од странство.foto EPA
Слично
