Економија, финансии, бизнис

Контакт

Убиени се 42 руски војници на Змискиот Остров, тврди Украина

Убиени се 42 руски војници на Змискиот Остров, тврди Украина

Украинската армија тврди дека убила 42 руски војници на Змискиoт Остров.

Армијата објави дека повторно ги ракетирала руските позиции на Змискиот Остров. Информираат дека се погодени системите за противвоздушна одбрана и комуникациски центар. И на 27 април, Украина објави дека ги нападнала руските војници на островот. 

Кога почна војната на 24 февруари, островот стана симбол на Украина откако радио комуникацијата со молскавична брзина се прошири на социјалните мрежи во која, на барањето да се предадат, украинските граничари му кажаа на рускиот ракетен крстосувач Москва на првиот ден од конфликтот: „Оди по ѓаволите, руски воен броду!“.


Фото: Министерство за одбрана на Украина

Слично

Поврзани вести