Убиен важен член на „Исламската држава“
За време на операцијата на ирачките сили бил елиминиран еден од највлијателните членови на екстремистичката група „Исламска држава“ Изат Ибрахим ал Дури, соопшти телевизискиот канал „Ал Арабија“.
Убиениот екстремист е поранешен соработник на покојниот ирачки претседател Садам Хусеин.
Информациите за загинувањето на екстремистот ги дадоа властите на провинцијата Салах ал-Дин.
Планирана е ДНК експертиза за да се докаже дека убиениот е навистина Изат Ибрахим ал Дури.
Слично
