Економија, финансии, бизнис

Контакт

Убиен уште еден Албанец во Сирија

Убиен уште еден Албанец во Сирија

Уште еден Албанец со потекло од Македонија е убиен во Сирија, објавуваат медиумите на албански јазик во Македонија.

Според информациите, станува збор за лице со презиме Адеми, инаку познат член на боксерски клуб.

До сега на подрачјето во Сирија и Ирак се убиени над 40 Албанци од Македонија, Косово и Албанија, соопштува весникот „Бота сот“ во денешното издание.

Тие информираат дека Сирија и Ирак убиени Албанци од Македонија има 10, од Косово 21 лице, од Албанија има 8 лица и едно лице има од Прешево, Јужна Србија.

Странските медиуми за сега јавуваат дека најголем број лица од Балканот, таму војуваат од страната на Исламската држава.

Слично

Поврзани вести