Убиен украински шеф за регионална безбедност
Регионалниот шеф на украинската служба за безбедност (СБУ), Олександр Наконечни, е пронајден мртов во регионот Кировоград во централна Украина.
Портпаролката на локалната администрација Јулија Ткач ја информирала јавноста за смртта на висок функционер на СБУ, објави украинскиот сајт „Бабел“.
СБУ и Државното биро за истраги се обидуваат да ги утврдат околностите под кои настапила смртта.
Откако ќе се соберат и анализираат сите информации, ќе ја информираме јавноста“, рече Ткач.
Украинските медиуми јавуваат дека тој имал прострелна рана и дека неговото тело го пронашла сопругата во семејната куќа.
Слично
