Убиен командантот одговорен за масакрот во Пакистан
Пакистанските безбедносни сили успеале да го елиминираат талибанскиот командант кого властите го обвинија дека стои зад извршувањето на масакрот во военото училиште во Пешавар во кој минатата недела беа убиени 150 лица од кои 134 деца, соопштиле денеска официјални претставници.
Имануван како „Садам“, бил убиен доцна синоќа при размена на оган со силите за безбедност во немирната племенска област Кибер, која се граничи со северозападниот град Пешавар, каде на 16 декември беше изведен најстрашниот терористички напад во Пакистан.
„Командант Садам беше гаден терорист, и е убиен при размена на оган со силите за безбедност во градот Џамруд во племенскиот регион Кибер“, истакнал денеска високиот претставник на локалната администрација, Шахаб Али Шах, на конференција за новинари во Пешавар.
За време на огнената пресметка шестмина негови соучесници биле ранети а потоа и уапсени“, додал Шах.
Според неговите зборови, се верува дека Садам помагал при изведувае на нападот во училиштето но се уште не е познато во која мера бил вклучен.
„Властите во моментов ги испрашуваат повредените терористи“, објаснил Шах.
Тој го опишал Шах како важен командант на групата палестински талибани Техрек – е – Талибан Пакистан и додал дека тој организирал неколку неодамнешни бомбашки напади.
Талибаните и останатите милитанти се повлекоа во Кибер пред големата офанзива која во јуни беше покрената во Северен Вазиристан, друга немирна племенска област на границата со Авганистан која беше упориште на Ал Каеда и талибаните од почетокот на 2000 година.
Слично
