Убиен еден од водачите на „Исламска држава”
Омар Чеченец е убиен во борба крај ирачкиот град Ширкат.
Највисокиот воен шеф на милитантната група „Исламска држава" Абу Омар, познат како Омар Чеченец, е убиен во борба крај ирачкиот град Ширкат, јужно од Мосул.
Веста беше пренесена од сајт кој поддржува џихадисти.
Оттаму се повикуваат на воени извори, според кои борецот учествувал во битките за одбивање на офанзивата на ирачката армија против Мосул, кој ја игра улогата на штаб на „Исламска држава" во северен Ирак.
Веста засега не е потврдена од друг извор, но групата редовно го користи споменатиот сајт за ширење на важни вести.
Слично
