Економија, финансии, бизнис

Контакт

Убиен е лидерот на руската опозиција Борис Немцов

Убиен е лидерот на руската опозиција Борис Немцов
Рускиот опозиционер и критичар на Владимир Путин беше застрелан во близина на Кремљ и тоа на ден пред започнувањето на протестите против власта. Смртта на поранешниот вицепремиер Немцов предизвика бес кај опозицијата која го нарече убиството атентат. Путин изрази сочувство и го смета убиството за провокација, поради што им нареди на највисоките функционери од Министерството за внатрешни работи на Русија да ја надгледуваат истрагата за убиството на Немцов. „Путин забележа дека суровото убиство ги има сите одлики на нарачано убиство и дека е екстремна провокација“, изјави Дмитри Песков, портпаролот на претседателот. Протестниот марш кој требаше да се одржи утре е откажан, а организаторите ќе се потрудат да организираат друг во чест на Немцов, во центарот на Москва.   Љ.Н.
Слично

Поврзани вести