Економија, финансии, бизнис

Контакт

Убиецот на 17-мина во средно училиште во САД доби доживотен затвор

Убиецот на 17-мина во средно училиште во САД доби доживотен затвор

Судот на Флорида го осуди Николас Круз (24) на доживотен затвор откако во февруари 2018 година со полуавтоматска пушка уби 17 ученици и вработени во средното училиште Марџори Стоунман Даглас во Паркленд, Флорида.

Поротата минатиот месец гласаше да го поштеди Круз од смртна казна, избирајќи доживотен затвор без можност за условно ослободување за едно од најсмртоносните масовни убиства во историјата на САД, објави Ројтерс.

Круз минатата година се изјасни за виновен за убиство од прв степен за неговото дивеење на 14 февруари 2018 година.

Судијката на округот Бровард, Елизабет Шерер, се согласи со барањето на обвинителството најпрво да им дозволи на роднините на жртвите на Круз да се обратат до судот пред изрекувањето на пресудата. 

Голем број роднини на жртвите ја осудија одлуката на поротата и го критикуваа државниот закон кој бара сите 12 поротници да бидат едногласни за да осудат лице на смрт.

„Колку би требало да биде злосторството за да се гарантира смртна казна?“, рече Аника Дворет, мајка на 17-годишната жртва Николас Дворет.

Круз имаше 19 години за време на нападот во средното училиште Марџори Стоунман Даглас во Паркленд.



Слично

Поврзани вести