Економија, финансии, бизнис

Контакт

УБИЕЦОТ „ГЛУМЕЛ“ ДОСТАВУВАЧ НА ХРАНА: Еве како е ликвидиран украински политичар (ВИДЕО)

УБИЕЦОТ „ГЛУМЕЛ“ ДОСТАВУВАЧ НА ХРАНА: Еве како е ликвидиран украински политичар (ВИДЕО)

Украинскиот националистички политичар Андриј Парубиј беше убиен денес во Лвов, на западот од Украина, а видео од убиството се појави на социјалните мрежи.

Парубиј беше еден од главните актери на Евромајдан во 2014 година во Киев.

На видеото од убиството што се појави на социјалните мрежи, напаѓачот, преправен како доставувач на храна, му се приближува одзади и пука кон него.

Според локалните медиуми, напаѓачот избегал веднаш по пукањето, а полицијата блокирала поширока област во потрага по осомничениот.

„Министерот за внатрешни работи Игор Клименко и главниот обвинител Руслан Кравченко штотуку известија за првите познати околности на ужасното убиство во Лвов. Андриј Парубиј беше убиен“, рече Зеленски во објава на платформата X, пренесува Ројтерс.

Зеленски додаде дека потрагата по убиецот е во тек.

На социјалната мрежа Иксобјавено е видео од моментот на убиството на Андриј Парубиј, украински политичар кој беше претседател на Врховната Рада, украинскиот парламент, и кој одигра значајна улога во револуцијата на Евромајдан.

Националната полиција претходно објави дека политичар е убиен по пукање во западен украински град. Ирина Херашченко, претставничка од партијата Европска солидарност, подоцна потврди за Kyiv Independent дека жртвата е Парубиј. 


Фото: Принтскрин/Икс

Слично

Поврзани вести