Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсено лице кое признало дека е одговорно за нападот во Стокхолм

Уапсено лице кое признало дека е одговорно за нападот во Стокхолм

Едно лице кое ја признало одговорноста за денешниот напад на стоковната куќа во центарот на Стокхолм е уапсено, соопшти полицијата. 

Во нападот загинаа 4 лица, а 15 се повредени.  Уапсениот наводно имал лесни повреди.

Полицијата информираше дека едно од повредените лица починало во болницата, а 15 се и натаму на болничко лекување.

Претходно медиумите објавија фотографија од напаѓачот. 

Шефот на Националниот оперативен оддел при шведската полиција Матс Лофвин изјави дека фотографијата е направена воочи инцидентот и многу блиску до тајмингот кога тој се случил.

Шведската полиција соопшти дека води истрага за две лица.

Портпаролот Ларс Бистром вели  дека се приведени две лица на испрашување. 

Нападот е извршен со украден камион на компанијата за пиво Спендрус. 

Шведскиот премиер Стефан Лофтен изјави дека неговата земја е нападната и дека денешниот напад е тероризам.

Слично

Поврзани вести