Економија, финансии, бизнис

Контакт

УАПСЕНИОТ ТЕРОРИСТ ВО БРИСЕЛ ПРИЗНА: Тој е „човекот со шапката“

УАПСЕНИОТ ТЕРОРИСТ ВО БРИСЕЛ ПРИЗНА: Тој е „човекот со шапката“

Белгиското Сојузно обвинителство соопшти денес дека осомничениот за учество во минатогодшините напади во Париз Мохамед Абрини, признал дека тој е  „човекот со шапката“ од снимките на безбедносните камери во друштво на двајца бомбаши самоубијци на аеродромот во Брисел на 22 март.

„Го соочивме со видео докази, кои ги подготвија нашите единици. Призна дека тоа е тој“, се наведува во соопштението на обвинителите.

4ca59767cabf86564f994f71197afcc4

Абрини се наоѓа на европската потерница од кога е идентификуван на видео-снимката на безбедносните камери во автомобил со Салах Абдесалам, два дена пред нападите во главниот град на Франција од 13 ноември.

Абдесалм е уапсен во Брисел пред две недели, четири дена пред Исламска држава да изврши самоубиствени бомбашки напади во главниот град на Белгија.

 Еве како беше уапсен тој:

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/DUsVT-5hdf8[/embed]
Слично

Поврзани вести