Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсени радикализирани мажи во Марсеј - што подготвувале?

Уапсени радикализирани мажи во Марсеј - што подготвувале?

Француската полиција привела двајца мажи за планирање „опасен и насилен напад“ пред претседателските избори. 

Министерот за внатрешни работи, Матиас Фекл изјави дека двајцата  радикализирани мажи се родени 1987 и 1993 година, а по националност се Французи. Тие биле приведени денеска во јужниот француски град Марсеј. Фекл рече дека безбедносните мерки за изборите и за кандидатите се зајакнати. 

Првиот круг на изборите ќе се одржи на 23 април. Од 11 кандидати за двајцата што ќе влезат во вториот круг ќе се гласа на 7 мај. Крајната десничарка, Марин Ле Пен и центристичкиот кандидат, Емануел Макрон водат според анкетите за јавното мислење. Освен нив, и конзервативниот кандидат Франсоа Фијон и Жан-Лук Мелехон од крајната левица  имаат шанса да влезат во вториот круг.

Скоро третина од граѓаните на Франција и понатаму се неодлучни за тоа кому ќе го дадат својот глас.

Слично

Поврзани вести