Уапсени петмина во врска со нападите во Париз
Неколку лица се уапсени во Брисел во полициски акции, поврзани со нападите во Париз, изјави белгискиот министер за правда Коен Гинс.
Тој за локалната телевизија „RTBF“ изјавил дека апсењата „може да се поврзани со сивиот автомобил „Polo“, изнајмен во Белгија“, пронајден до концертната сала во Париз, каде во терористичките напади беа убиени десетици луѓе. Во истиот автомобил беа пронајдени паркинг билети од бриселскиот кварт, каде се извршени апсењата, самиот автомобил е со белгиски регистарски таблички.
Истата телевизија тврди дека биле уапсени 5 лица, но тоа сеуште не е потврдено официјално. Во Париз неколку сведоци соопштија дека напаѓачите пристигнале во возило со белгиски регистарски таблички.
Беше јасно и дека двајца се романски државјани кои загинаа во нападите во петокот вечерта во Париз, во кои беа убиени вкупно 128 лица, пренесе „АФП“, повикувајќи се на Министерството за надворешни работи во Букурешт.
Информацијата беше потврдена од француските власти - се прецизира во министерски коментар, без да се дадат дополнителни детали.
Двајца Белгијци и еден Португалец исто така се помеѓу жртвите на нападите, објавија од министерствата за надворешни работи на Белгија и Португалија.
