Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсена првата група приврзаници на Трамп: Обвинети се за носење оружје без дозвола

Уапсена првата група приврзаници на Трамп: Обвинети се за носење оружје без дозвола

Првата група приврзаници на сега веќе поранешниот американскиот претседател Доналд Трамп кои учествуваа во насилните протести во Капитол Хил се уапсени и веднаш ќе се појават на суд за да ги слушнат обвинувањата.

Началникот на Метрополитен полицијата Роберт Конте на прес-конференција рече дека 47 од 52 апсења се поврзани со полициски час воведен од градоначалникот на Вашингтон, Муриел Боусер, поради протестот и дека 26 лица се уапсени во самиот Капитол Хил, каде требаше да се одржуваше седницата на американскиот Конгрес за потврда на резултатите од претседателските избори.

Неколку лица се уапсени под обвинение за поседување забрането оружје или носење оружје без дозвола, пренесува Ројтерс.

Во немирите во Вашингтон вчера беа убиени четири лица, меѓу кои и една Ешли Бабит, ветеранка и страсна приврзаничка на Трамп, која беше застрелана во вратот.


Foto:Tanjug/AP Photo/John Minchillo

Слично

Поврзани вести