Економија, финансии, бизнис

Контакт

УАПСЕНА ПОРАНЕШНАТА ПРЕМИЕРКА НА ШКОТСКА: Никола Старџен опфатена во истрагата за финансирање на партијата

УАПСЕНА ПОРАНЕШНАТА ПРЕМИЕРКА НА ШКОТСКА: Никола Старџен опфатена во истрагата за финансирање на партијата

Поранешната шкотска премиерка Никола Старџен е уапсена за време на истрагата за финансирање и собирање средства за нејзината Шкотска национална партија (СНП).

Полицијата потврди дека 52-годишната жена е во притвор како осомничена и дека детективите ќе ја сослушаат.

На 5 април, инспекторите ја претресоа куќата на Старџен и нејзиното партиско седиште во Единбург.

Уапсен е и нејзиниот сопруг Питер Марел, поранешен шеф на извршниот комитет на СНП, но тој е ослободен без обвинение.

Портпаролот на Никола Старџен потврди дека таа денеска ќе биде сослушана во полиција, додавајќи дека таа целосно соработува и ќе продолжи да соработува.

Полицијата го запленила луксузниот автомобилски дом, таканаречена куќа на тркала, пред домот на мајката на Марел во Данфермлајн.

Речиси две недели подоцна, благајникот на СНП, Колин Бити, беше уапсен, но и ослободен без обвинение.

Марел и Бити беа третирани како осомничени и им беше одреден полициски притвор до 12 часа сослушување пред да бидат ослободени во очекување на понатамошни истраги.

Според Кривичниот законик на Шкотска од 2016 година, полицијата може да го ослободи осомничениот, но тој може повторно да биде уапсен подоцна додека продолжуваат истрагите.

Слично

Поврзани вести